Тимот на Челзи синоќа одигра нерешено 1:1 на гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт во полуфиналето од Лига Европа. За „сините“ од Лондон ова беше 16. Дуел во серија без да загубат со што поставија нов рекорд во второто по квалитет фудбалско натпреварување во Европа.
Избраниците на тренерот Маурицио Сари успеаја да го надминат достигнувањето на Атлетико Мадрид од сезоната 2011/12.
Челзи на 9 мај на домашен терен го игра реваншот со Ајнтрахт, па тоа ќе биде убава можност да го подобри сопствениот рекорд во Лига Европа.