Сиљановска: Над 70 проценти од младите својата иднина ја гледаат надвор од Република Македонија

Од:

Како професорка секогаш ги учам младите да бидат критичари, да не се поданици, да не веруваат во замислени авторитети, потенцирајќи дека доколку на највисоките места се најквалификуваните, највредните и најморалните тогаш младите ќе останат во сопствената држава и токму овде ќе ја градат својата иднина, рече Сиљановска денеска.

Таа додаде дека катастрофален е податокот што сега над 70 проценти од младите својата иднина ја гледаат надвор од Република Македонија.

Над 70 проценти е веќе бројот на оние кои патот го гледаат во еден правец што е катастрофално, вели Сиљановска Давкова. Таа посочи дека воведувањето на прогресивниот данок во Република Македонија ги погодило граѓани, меѓутоа власта на СДСМ и Заев немале слух за да ги слушнат мислењата на странските комори но и на домашните експерти.

Ќе ве потсетам само на даночната политика. Кого погоди таканаречениот прогресивен данок? Токму ИТ секторот. Значи сите укажуваа дека тоа не е добра постапка и странските комори и домашните експерти, меѓутоа немаше кој да ги слушне, кажа Сиљановска Давкова.

Според нејзе за овие две и пол години, власта не направила ниту една значајна реформа која што ќе биде од значење за граѓаните, освен промената на уставното име на Република Македонија.

Две и пол години се потрошени на што? Само на двата договори, јас не гледам други промени, изјави Сиљановска Давкова.

Би можело да ве интересира

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ