(ВИДЕО) Пендаровски: На 5 мај имаме историска шанса да изградиме држава во која ќе владее правото

Од:

„Во последните 10 години бевме сведоци на неправедно и криминално владеење на партија која го држеше нашиот народ во страв, а нашата иднина во неизвесност.

Сегашниот претседател сето тоа го премолче и ќе остане запомнет во историјата како безгласна буква, човек кој ја поддржа партијата наместо да ги заштити своите граѓани.

На 5 мај имаме шанса која не смееме да ја испуштиме. Шанса да спречиме враќање кон темното минато, поделбите, омразата, криминалот и масовната корупција. Ова е историска можност да изградиме држава во која ќе владее правото, еднаквоста и солидарноста, општество кое ќе се темели на човечност и еднакви права за сите.

Како ваш претседател гласно ќе зборувам против секоја власт која ги загрозува интересите на граѓаните, без разлика на која политичка партија или коалиција и припаѓа. Како ваш претседател посветено ќе работам на заштита на правата и интересите на сите граѓани и ќе ги поддржам сите иницијативи кои се во нивна корист. Секоја неправда ќе биде моја грижа, силно ќе ги осудувам сите постапки кои ја рушат демократијата и правната држава.

Веднаш по 5 мај ќе ги потпишам сите закони кои Иванов ги кочи, а ги овозможуваат основните права за голем дел наши граѓани. Време е оваа држава да добие вистински претседател, заштитник на граѓаните, кој ќе зборува за вистинско право и правдина. Секој глас за Силјановска е глас за уште еден Иванов и враќање назад кон темното минато.

Затоа, да продолжиме одлучно Напред.

На 5 мај да го заокружиме бројот 3 и заедно да ја запечатиме нашата иднина – светла и правична“, изјави кандидатот за претседател, Стево Пендаровски.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме