Шпанецот Давид де Хеа не ги живее најдобрите денови во Манчестер Јунајтед. Поранешниот играч на Атлетико Мадрид допушти 51 гол досега во сезоната во Премиер лигата, а според „Дејли Стар“, ПСЖ го искушува со неверојатно поволен финансиски предлог.
Во моментов Де Хеа зема по 200.000 фунти неделна плата, а ПСЖ сакаат да го привлечат за прв избор под рамката со над два пати поголем надомест – по 450.000 фунти неделно.
Во моментов, стартер за ПСЖ е 41-годишниот Џанлуиџи Буфон, а од „Парк де Пренс“ гледаат на Де Хеа решение на проблематичниот пост на долг рок.
И покрај многуте грешки во последно време, Шпанецот не престанува да добива поддршка од Оле Гунар Солскјер и раководството на клубот. 28-годишниот Шпанец беше привлечен на „Олд Трафорд“ во 2011 година, а до сега има вкупно 360 натпревари за Јунајтед во сите натпреварувања и седум освоени трофеи.