Пендаровски во Куманово, Силјановска во Ѓорче Петров

Од:

Двајцата кандидатите за претседател на државата кои влегова во вториот круг на изборите и денеска во рамки на кампањата ќе ги претстават своите изборни програми на средби со граѓани и митинзи.

Кандидатот на СДСМ и Коалицијата, Стево Пендаровски вечерва во 20:10 часот ќе се обрати на граѓанска трибина на градскиот плоштад во Куманово.

Претходно, Пендаровски во 12:30 часот во Куманово во салата во Комитет ќе има средба со претставници на помалите етнички заедници во земјава, потоа во 14:15 часот ќе биде со граѓаните во центарот на Липково.

Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Гордана Силјановска Давкова денеска има средби со граѓани и со претставници на политички партии.

Во 11:30 часот во просториите на „Левица“ ќе оствари средба со претставници на партијата, во 13:30 часот ќе се одржи добротворен настан „Да бидеме хумани – подготви оброк со Гога“ во Граѓанскиот штаб на Рекорд, а во 19:00 часот ќе се оврати на трибина во Општина Ѓорче Петров (парк Ѓорче) насловена „Со гласање до одлука за нашата судбина“.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме