Ставрески: Одлично оди враќањето на обврските кон стопанството

Од:

Враќањето на обврските на државата кон стопанството по основ на поврат на ДДВ и исплата на договорни работи оди одлично и државата ќе го испочитува рокот да ги сведе на нула тие до крајот на месецов.

Ова го истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески одговoрајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на препумпна станица во скопската населба Драчево.

– Одлично оди враќањето на долгот кон стопанството. Сведено е под 10 милиони евра, што значи во изминатите пет месеци имаме исплатено над 82 милиони евра кон стопанството. Фирмите тоа го чувствуваат. Ликвидноста е подобрена и сметам дека целосно ќе го испочитуваме рокот што е даден до крајот на месецов, изјави Ставрески.

Владината мерка почна во септември минатата година, со цел подобрување на ликвидноста на фирмите. На средината на септември, кога почна акцијата на отплата, обврските по основ на поврат на ДДВ и исплата на договорни работи изнесуваа 92 милиони евра.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрова: Бесими незаконски потпишал согласности за 3.000 вработувања во државни институции

Горан Наумовски

Вработени во МФ бараат исплата на додатокот на плата од 30 отсто

Протести и штрајкови најави Синдикатот на Министерство за финансии при УПОЗ ако не се потпише колективен договор

Горан Наумовски

МФ: Новата ПЕР 2024-2026 усвоена од Владата, поставена основа за нашата Реформска агенда за Планот за раст на Западен Балкан

Не смее да се вработува освен за испразнето место, но фалат луѓе во администрација вели Бесими

Анита Петровска Рајковиќ

Од јануари нема да се чека согласност од Финансии за вработување во администрација