Британските новинари го прогласија Стерлинг за играч на годината во Премиер лигата

Од:

Напаѓачот на Манчестер сити, Рахим Стерлинг е избран за играч на годината во Премиер лигата, според британските новинари.

Оваа сезона, Стерлинг настапи на 32 натпревари за Манчестер сити во англиското првенство, постигна 17 гола и оствари 12 асистенции.

Претходно, 24-годишниот Англичанец стана најдобар млад играч и се најде во симболичниот тим на годината според ПФА.

Стерлинг со својот клуб се наоѓа пред одбрана на трофејот во Англија. На „граѓаните“ им се потребни две победи во последните две кола за да дојдат до нов наслов.

Би можело да ве интересира

Фудбалерите на Њукасл го победија Тотенхем во третото коло од Премиер лигата

Јунајтед донесе играч за врска од Мали

Предраг Петровиќ

Ливерпул трајно го промени изгледот на грбот, отстранети се три важни клупски симболи

Предраг Петровиќ

Скандал во Премиер лигата: Уапсени двајца фудбалери поради силување

Клоп револтиран на судењето на дербито против Сити: Дали ручале во ВАР собата

Предраг Петровиќ

Кашемиро: Не потценувам, но Премиер – лигата е многу потешка од Ла Лига