Најмалку пет лица се загинаа под налетот на циклонот Кенет во северниот дел на Мозамбик.
Според Ројтерс, пет лица загинале во поплавите во провинцијата Кабо Делгадо, поради лизгање на земјиштето и надоаѓањето на реките.
“За жал, очекуваме катастрофални поплави во Пемба”, рече претставникот на ОН во Мозамбик, Савијано Абреу, кој зборуваше за главниот град на провинцијата Кабо Делгадо.
Циклонот Кенет со силни дождови и брзини на ветер до 280 километри на час го погоди северниот брег на Мозамбик само шест недели откако циклонот “Идаи” зеде околу 1.000 животи во Мозамбик, Малави и Зимбабве.