Тимот на Рен е новиот освојувач на францускиот куп по победата над големиот Пари Сен Жермен по пенали во Париз.
Во редовното време и продолжението, натпреварот заврши со 2:2, при што Парижаните потрошија предност од два гола.
Во самиот крај на второто продолжение, екипата на тренерот Томас Тухел остана со играч помалку, откако Килијан Мбапе беше избркан за груб и бесмислен фаул против Дамиен да Силва.
Решавачкиот пенал за парижаните го пропушти резервата Кристофер Нкунку, кој ја испрати над рамката и на тој начин го лиши својот тимод дубл во Франција.
За Рен, ова е првиот трофеј од 1971 година.