Ерера се разбра со ПСЖ

Од:

Пари Сен-Жермен се договори со играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Андер Ерера.

Шпанецот ќе се приклучи на францускиот клуб во летото кога истекува неговиот договор со „црвените ѓаволи“.

Според француски медиуми, Атлетик Билбао покажал интерес кон својот поранешен фудбалер, но нивниот обид дошол предоцна, бидејќи играчот веќе постигнал договор со ПСЖ.

Дваесет и девет годишниот играч од средниот ред ќе потпише договор за 4 или 5 години со Французите.

Ерера пристигна на „Олд Трафорд“ во 2014 година, а оваа сезона играше во 20 натпревари за Манчестер Јунајтед. Клубот му понуди нов договор, но двете страни не успеаја да се разберат за параметрите на договорот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

А1он

ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шоу на Мбапе и Жиру против Полска, Французите ја продолжуваат одбраната на титулата

Катерина Ѓуровски

Во Франција тврдат дека Зидан на лето ќе застане на чело на ПСЖ

Ана Ололовска

Гризман му даде поддршка на Умтити: Без него немаше да го освоиме СП, тој е примерен професионалец

Ана Ололовска