Египетски и италијански археолози откриле најмалку 34 мумии во градот Асана на југот на Египет.
Мумифицираните остатоци од античките жители на оваа област потекнуваат од доцниот фараонски и грчко-римски период, односно од 6-тиот век п.н.е. до 4-тиот век од н.е.
Откритието е навистина неверојатно, бидејќи експертите покрај мумиите, пронајдоа разни артефакти, вклучувајќи керамика, насликани погребни маски и дрвени статуи. Тие, исто така, ископале битуменски вазни односно земјена смола, кои биле користени во мумификација и носитела, со кои најверојатно биле пренесени мртвите тела на гробницата.
35 mummie, sarcofagi, vasi e 'cartonnages', pronti per diventare maschere funerarie: la straordinaria scoperta durante la campagna di scavi in Egitto, diretta da Patrizia Piacentini @LaStatale e da Abdelmanaem Said del Ministero delle Antichità egiziano ?https://t.co/uih3LXTqH5 pic.twitter.com/AfYwatsRhJ
— Università di Milano (@LaStatale) April 23, 2019
Хиероглифите укажуваат на тоа дека гробницата, скриена под песокот му припаѓала на познатиот трговец Тјт.
Кога бил откриен влезот, археолозите влегоа од врвот до центарот на гробот што беше запечатен со ѕид и се состоеше од два надгробни споменици.
Во главната комора биле пронајдени повеќе од 30 мумифицирани тела на жени, деца и мажи и четири додатни мумии во страничната просторија во гробницата.
Археолозите откриле и две испреплетени мумии за кои се претпоставува дека станува збор за мајка и дете.