Попладне на југоистокот пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Од:

Времето денеска е сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер, а попладне во југоисточните делови ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 29 степени. Во Скопје температурата ќе достигне до 28 степени Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре ќе биде променливо облачно и нестабилно, околу пладне и попладне со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на град и засилен ветер, особено во источните делови.

Во недела ќе преовладува сончево, а во понеделник умерено облачно време со благо опаѓање на дневната температура.

Нови локални врнежи од дожд се очекуваат во вторник.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски