Заев во Оризари: Претседателот на државата не решава за водоводи, канализации и патишта, но без неговата поддршка ова ќе оди потешко

Од:

-Ние градиме еден концепт, којшто се вика граѓанско општество, каде што сите имаме намера да
бидеме еднакви, порача Заев на вечерашната средба со жителите на селото Оризари, во велешко.

Тој посочи дека ова село заслужува посебно внимание затоа што неговите жители знаеле да дадат во важни моменти поддршка за напредни опции и ги повика тоа да го направат и на 5ти мај во вториот круг на претседателските избори.

-Само со единството, можеме да ги решаваме проблемите, за да има подобро образование и здравство, развиени локални средини, но за тоа да се случи државата мора да се движи напред.

Тоа е возможно само преку започнатите евро-атлантски интеграции. Претседателот на државата не решава за водоводи, канализации и патишта, но без неговата поддршка ова ќе оди потешко.

Имаме кандидат кој ќе биде сојузник во процесите, а не блокатор како досега. Дојден сум да побарам поддршка за претседателскито кандидат Стево Пендаровски. Дајте поддршка за Стево Пендаровски и да продолжиме побрзо Напред, повика Заев во село Оризари.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Кога Мицкоски ќе најави мерки за намалување на цените, веднаш следува поскапување

Младеновска: Оставка за Клековски, призна дека „црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар

Петрушевски: Додека СДС се занимава како да ќари политички поени, надлежните во државава работат и ситуацијата во Гостивар се стабилизира

(ВИДЕО) Фрчкоски: Мицкоски ја труе Македонија – СДСМ бара 5 милиони евра од прославата со пејачи да се пренаменат за чиста вода

А1он

СДСМ: Загадена вода во шест населени места – без одговорност и кривични пријави

А1он

СДСМ: Наместо виновниците, санкции трпат угостителите и трговците во Гостивар