Буфон пред напуштање на ПСЖ

Од:

Италијанскиот фудбалски ветеран Џанлуиџи Буфон може да стави крај на својата кариера во текот на летото, откако откажа да го обнови договорот со Пари Сен Жермен. Славниот голман всушност размислува за предлог да се врати во Јувентус како директор.

Четириесет и едно-годишниот голман потпиша со ПСЖ во текот на летото на 2018 година, откако стави крај на 17-годишниот престој во Торино. На почетокот на оваа сезона ситуацијата изгледаше сосема поинаква, а тогаш самиот тој посочи дека би можел да продолжи да игра во клубот и наредната сезона. Предвид горчливиот тек на кампањата на ПСЖ во Лигата на Шампионите и елиминацијата од Манчестер Јунајтед во осминафиналето очигледно Буфон се премислил.

Следната недела, агентот на голманот, Силвано Мартина ќе биде во Париз и ќе ја разгледува ситуацијата на својот клиент со клубот. Ако Италијанецот одлучи да не го потпишува новиот договор или пак ПСЖ се откаже од опцијата да го продолжи сегашниот договор за уште една година, тогаш Џиџи ќе се врати во Јуве, за да биде дел од менаџментот на клубот.

– Поминав 9 месеци во еден волшебен град како Париз, кој ме поздрави и ми покажа многу љубов. Многу сум задоволен што го направив изборот да одам во ПСЖ. Сакав да доживеам нешто ново во фудбалот, да живеам во нов град. Морам да признаам дека ги постигнав овие цели. Научив француски и сега знам дека во иднина сето ова ќе ми помогне, изјави Буфон неодамна пред клупскиот сајт.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

А1он

ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шоу на Мбапе и Жиру против Полска, Французите ја продолжуваат одбраната на титулата

Катерина Ѓуровски

Во Франција тврдат дека Зидан на лето ќе застане на чело на ПСЖ

Ана Ололовска

Гризман му даде поддршка на Умтити: Без него немаше да го освоиме СП, тој е примерен професионалец

Ана Ололовска