(ВИДЕО) ДУИ се повлече од збор, законот за судски совет донесен без расправа

Од:

Собранието го донесе законот за судскиот совет без расправа, на барање на претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој посочи дека собраниската говорница не треба да се злоупотребува во изборната кампања.

Ова следеше откако за збор се јави пратеникот, Ејуп Алими од ДУИ кој пак заедно со неговиот колега, Артан Груби претпладнево од говорницата обвинија за корумпирано судство за случајот Саздовски и настаните со ИВЗ.

„Уште со почетокот на изборната кампања, кажав дека нема да дозволам од собраниската говорница да се изнесуваат ставови кои би и наштетиле на кампањата. Затоа барам во истиот дух да продолжиме, пратеникот од ДУИ да се повлече од збор или ќе морам да ја прекинам седницата“, рече Талат Џафери.

По ова, Алими по кратка консултација со Џафери го повлече зборот и пратениците го изгласаа новиот закон за судски совет со два усвоени амандамни, а во текстот на законот каде што пишува Македонија, усвоено е да се замени со Република Северна Македонија.

Воедно, пратениците на денешната 96 седница изгласаа 21 закон, кои беа вратени од кај претседателот, Ѓорге Иванов.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: ДУИ ги турна студентите на улица, ние овозможуваме сите испити да се полагаат на албански јазик

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

ДУИ: Нов договор – втор по ред со нови сомнежи за Бурим Латифи кој е повторно во центарот на скандалот во МЕПСО

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

ДУИ: Како семејниот клан на Изет Меџити го пустоши МЕПСО преку активисти на ВЛЕН