(ВИДЕО) Заев: За нас поглавар на ИВЗ е оној кој го утврдуваат законите на заедницата

Од:

Премиерот Зоран Заев во врска со проблемите во ИВЗ рече дека негова работа е да им служи на граѓаните, а на реисот е да им служи на граѓаните од исламската верска заедница. Рече дека треба да соработуваат меѓусебно и дека никој не треба да се меша во политиките на верските заедници.

„Владата нема да се меша во верските заедници, па така е и во ИВЗ. Од министерот Спасовски знам дека беше побарана асистенција, имаше испратено 3 полицајци. За нас е поглавар оној кој го утврдува Уставот и законите на исламската верска заедница. Владата нема да се меша, јасен е секуларниот карактер на државата. Вчера МВР било повикано од двете страни, постапиле внимателно. Луѓето си ги кажаа аргументите“ нагласи Заев, и додаде дека не е повикан за да коментира кој е реис.

„Ја прочитав пресудата, но ако коменирам, ќе значи политичко мешање“, кажа Заев по обвинувањата од Сулејман Реџепи, дека Владата е виновна за превирањата во ИВЗ.

На прашањето кој ќе се сретне со Папата како поглавар на ИВЗ, Заев рече дека за него е закон и Устав како ќе си изберат верниците на ИВЗ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?