Рама: Изборите нема да бидат спречени, ниту пролонгирани

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама и одговори на опозицијата, која денеска го потпиша договорот со кој се официјализира опозициската коалиција против избори се додека тој е премиер и оти „она за што нема преговари е неговото заминување од Владата“.

Рама преку Твитер ја нарече опозицијата „хроничен губитник“ и додава дека локалните избори на 30 јуни „ниту ќе се пролонгираат ниту ќе се спречи нивното одржување“.

-По откажувањето од мандатите, коалицијата против изборите е уште една форма на политичко самоубиство! Хроничните губитници се заложници на нивниот очај, но Албанија не може да ја земат во заложништво. Изборите нема да бидат спречени, ниту одложени. На 30 јуни граѓаните ќе зборуваат со гласови во секоја општина, напиша Рама на Твитер.

Реагираше и владината портпаролка и министер за односи со Парламентот, Елса Спиропали која оцени дека формирањето на опозициската коалиција е „потврда на распадот на историската партија, демократската“.

– Само Љуљзим Баша може да создаде коалиција на партии за изборно неучество и да ја придружува оваа глупост со херојска насмевка. Тоа е академско и практично сведоштво за тоа како историската партија може да биде уништена од страв и недостиг на политичка храброст, вели Спиропали.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек