Момче од Смедерево најдобар композитор на натпреварување во САД

Од:

Осмоодделенецот Вељко Ненадиќ, во својата соба во Смедерево со една рака игра компјутерски игри, а со другата на клавир ги свири акордите на својата идна композиција.

Композицијата на Ненадиќ „Балканска свита“ неодамна освои прво место во јуниорска светска конкуренција на музички фестивал „Златен клуч“ во САД, а наградата ќе му биде врачена по концертот кој е закажан за јули, на фестивал во Виена.

-Уживам додека свирам твоја композиција и гледам видео снимка на која ти свириш. Одушевен сум со вештината, леснотијата и инзвонредната техника со која ја изведуваш „Балканска свита“ – изјави претседателот на жирито Антеј Команетски.

Ученикот интересот за музика го покажал на деветгодишна возраст, кога бил трето одделение, а сега е во трета година на Музичкото училиште „Коста Манојловиќ“ во Смедерево.

Својата прва композиција „Божиќен валцер“ ја напишал на десет години, а две години подоцна со истата композиција освоил прва награда на фестивалот во Земун, а наредната година на истиот натпревар прва нагреда доби за својата „Соната“.

На натпреварот на млади пијанисти во Убу, Ненадиќ беше единствен кој свиреше сопствена композиција, а наградата беше наредните два дена да настапува во Културниот центар во Белград.
Тој минатата година на конкурстот во САД ја прати композицијата „Балканска свита“, која е составена од три става во кои се преплетуваат музичките слики на Србија, Византија и Балкан.
До сега учествуваше на повеќе фестивали во Србија на кои освои награди и аплаузи од публиката. Професорите по музика редовно му бараа партитури.

Младиот композитор има десетина композиции, а наредната година ќе се запише во средното музичко училиште.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски