Албанската полиција соопшти дека четири лица осомничени за кражбата на околу пет милиони евра од патнички авион на меѓународниот аеродром во Тирана, се уапсени.
Според соопштението, три лица биле уапсени во централниот град Елбасан, а четвртиот во Кроја, на север.
Претходно овој месец, крадците се инфилтрирале на аеродромот и ги украле парите кои биле натоварени на авион на “Austrian Airlines”.
Еден од соочесниците беше убиен во престрелката со полицијата на аеродромот, но парите не беа пронајдени.