СДСМ: Во првиот круг победи Пендаровски, тоа е јасен факт кој најавува уште поголема разлика во вториот круг и победа на концептот Заедно Напред

Од:

Во првиот круг од претседателски избори победи Стево Пендаровски. Тоа е јасен факт, смета СДСМ.

Пендаровски има предност и повеќе гласови од Гордана Сиљановска. Тоа значи дека граѓаните во поголем број го поддржаа концептот за напредок а не за враќање назад.

Предноста на Пендаровски во првиот круг е најава за сигурна и јасна победа и во вториот круг на
5ти мај, порачуваат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ можат да само охрабруваат и да прават весели математики колку сакаат, факт е дека ова не се ниту локални, ниту парламентарни избори,  туку избори за претседател каде во првиот круг води Стево Пендаровски, велат од СДСМ.

Граѓаните покажаа дека не сакаат нов Ѓорге Иванов,смета СДСМ, туку сакаат вистински претседател. Доказ за тоа е фактот што Гордана Силјановска има 130.000 гласови помалку од гласовите на ВМРО- ДПМНЕ во првиот круг на претседателските избори во 2014 година.

На 5ти мај, граѓаните масовно, во слободна, фер и демократска атмосфера ќе ја потврдат победата
и ќе изберат да продолжат заедно напред кон развој, напредок и интеграција. Граѓаните нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ и нивната кандидатка Гордана Сиљановска да ги повлечат назад во темното минато на изолација и неизвесност, граѓаните ќе го изберат Стево Пендаровски за нов претседател на државата, заклучува СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Колку платија граѓаните за прославата на ВМРО во Струмица?

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ ја повика СДСМ веднаш да закаже јавна расправа за Законот за игри на среќа

(ВИДЕО) Борозан: Поддршка за ранливите, самохраните родители, лица со попреченост и жртвите на насилство

СДСМ: Максо остана сам да го „одработи“ авансот од Мицкоски

Горан Наумовски

Дојчиновски: Време е институциите да постапат по сомнежите за злоупотреби

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС нема кредибилитет да зборува за земјоделието