Како другите медиуми известуваа за македонските избори?

Од:

Помалку од половината од електоратот во Северна Македонија учествуваа на денешниот прв круг од првите претседателски избори откако таа европска земја го смени името, информира Франс прес по затворањето на избирачките места. АФП прецизира дека излезноста од 40 отсто е најниска во шесте претседателски трки од независноста во 1991 година.

„Втор круг на 5 мај е неизбежен бидејќи изборниот закон во малата европска земја предвидува за кандидатот да победи во прв круг да добие поддршка од 50 отсто плус еден од запишаните гласачи“, објави Асошиејтед прес. Оваа новинска агенција информира дека кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски и на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова одат понатаму во вториот круг.

„Ниту еден од тројцата кандидати за претседател не успеа да добие поддршка од над 50 отсто, што значи дека резултатот од првите претседателски избори откако земјата го смени името во Северна Македонија, ќе се знае во мај“, информира Дојче веле.

Новинската агенција Спутник известува за првиот круг од изборите, наведувајќи ја тесната разлика меѓу Пендаровски и Давкова. Агенцијата посебно ја истакнува изјавата на Гордана Силјановска Давкова дека доколку не успее да мине во вториот круг ќе гласа за третиот кандидат, Блерим Река.

И американската Фокс Њуз ја истакнува многу малата разлика во добиените гласови меѓу кандидатите Пендаровски и Давкова.

„Тесна трка на изборите во Северна Македонија“ е насловот под кој РТС информира за претседателската трка, наведувајќи дека изборите се сметаат за клучен тест за Владата на Зоран Заев во „длабоко поделеното општество“.

Хрватската агенција Хина информира дека според првичните резултати во благо водство е Пендаровски, но дека она што е јасно е дека ќе има втор круг.

Бугарски „Блиц“ информира дека двајцата кандидати прогласиле победа во првиот дел од трката, па оди со наслов дека се насетува „оспоруван“ изборен круг.

„Северна Македонија добива нов претседател, тесна трка меѓу двајца кандидати“, известува босански Дневни Аваз.

Хрватски „24 часа“ истакнуваат дека двајцата кандидати кои ќе одат во вториот круг се безмалку изедначени.

Би можело да ве интересира

Течат роковите за приговори за изборите и инаугурација на новата претседателка

Димитриевски: Потврдивме минимум пратеничка група, ќе бидеме со граѓаните и ќе работиме за нив

Орце Костов

Број на пратеници: ВМРО-ДПМНЕ 59, ДУИ 19, СДСМ 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 5

Орце Костов

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

Орце Костов

Касами: Од утре почнуваат преговори за влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Влен

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов