Одѕивот до 17 часот е 35,13 проценти

Од:

Државната изборна комисија соопшти дека одѕивот до 17 часот изнесува 35,13 проценти, односно на гласање излегле 496.774 гласачи од обработени 79,73 проценти од избирачките места.

„Доколку би го следеле овој тренд, односно доколку се обработени 100 посто од гласачките места тоа би значело дека на гласање до 17 часот изглегле околу 600 илјади граѓани“, изјави портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска.

Највисока е излезноста во Крива Паланка – 57,82, по што следат Демир Капија со 52,78, Демир Хисар 51,94 отсто, Крушево 50,64 проценти и Прилеп со 50,3 осто.

Најмала е излезноста во Липково 13, 55, Желино 13,62 отсто и Пласница 12, о4 проценти.

Покрај претседателските се одржуваат и избори за градоначалник во Охрид, Ново Село и Дебар. Во Охрид излезноста изнесува 44,74 проценти, Ново Село – 41,93 и Дебар 36, 31 отсто.

Од скопските општини одѕивот во Центар изнесува 41 отсто, Карпош 43, Кисела вода 41 отсто, Чаир 24 проценти, Шуто Оризари 16 проценти.

За десетте приговори за заштита на избирачко право пристигнати до ДИК, Гугучевска рече дека сите се одбиени.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Државната каса била главен спонзор за изборните кампањи на Парламентарните избори 2024 година

Орбан: Ќе победиме на следните избори, нема сомнение

Вучиќ во живо ги објави резултатите: Убедлива победа на СНС во Косјериќ

ВМРО-ДПМНЕ нема никаков проблем да поддржи една изборна единица

Горан Наумовски

Томислав Томашевиќ убедливо победи во Загреб со над 30.000 гласови повеќе од Марија Селак Распудиќ

Горан Наумовски

Анкети: Tрзасковски тесно води на претседателските избори во Полска со 50,17 проценти од гласовите

Горан Наумовски