ДИК отвори телефонска линија за лица со оштетен слух и говор

Од:

Новина на овие избори е телефонска линија во Државната изборна комисија (ДИК) за лица со оштетен слух и говор. Портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска објасни дека имаат назначено лице кое ќе одговара на знаковен јазик преку видео повици.

„На денот на изборите активна е телефонската линија 076/488-360 на која лицата со оштетен слух и говор преку видео повик ќе можат да постават прашање до ДИК и на македонски знаковен јазик да добијат одговор“, објасни Гугучевска.

За прашања и коментари за ДИК од граѓаните активна е и бесплатната линија 0800 555 444.

Маја Илиевска-Пачемска

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме