Ерупција на вулканот Агунг

Од:

Вулканот Агунг на индонезискиот туристички остров Бали утрово еруптира, исфрлајќи пепел во висина од два километра.

Се уште нема податоци за евентуални човечки жртви, но и понатаму останува во сила предупредувањето од трет степен од можните четири

Индонезиските власти издадоа соопштение со предупредување да се почитува зоната на безбедност во радиус од четири километри.

И други два вулкана на островот Јава продолжуваат да еруптираат. Во сила е состојба на зголемена готовност поради вулканот Бром во источниот дел на Јава и Мерапи во Јогијарта.

– Оваа е нормална ситуација и јавноста не треба да чувствува паника, се додека е вон опасната зона. Немојте да се обидувате да се доближите до кратерот за да ја снимите вулканските активности, предупреди портпаролот на националната Агенција за помош при катастрофи Ситопо Нугрохо.

Последната голема ерупција на Агунг беше 1963 година, кога загинаа повеќе од илјада луѓе и беа уништени неколку села.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници