Изборите ќе ги следат 3.150 домашни и 419 странски набљудувачи

Од:

Претседателските избори во земјава ќе ги следат 3.150 домашни и 419 странски набљудувачи, како и 20 странски новинари, акредитирани од ДИК.

Од домашните најголем број набљудувачи има МОСТ – 1.940, потоа Здружението за афирмација на хумани вредности и младинска интеграција МАК-СОНЦЕ Скопје 583 и Здружението на граѓани за развој и промоција на туризмот, одржлив развој и човекови права АКСИОС 2017 Скопје 329 набљудувачи.

Од странските, најголем број набљудувачи има Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР 240, потоа Светски македонски конгрес Скопје 59, Амбасадата на САД 42, Делегацијата на ЕУ 16…

Набљудувачи имаат акредитирано и повеќе амбасади на странски земји, како амбасадите на Руската Федерација, Франција, Велика Британија, Шведска, Унгарија, Италија, Албанија, Словачка во Македонија.

Во ДИК се акредитирани и 289 преведувачи.

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада