Излезноста во странство до 18:30 – 38,51 отсто, гласале и седум од 12 во куќен притвор

Од:

Најголема излезност до 18:30 часот е забележана во дипломатско-конзуларните претставништва во Берлин (64,47 отсто), Букурешт (64,29 отсто), Загреб, (61,11 отсто) Сараево (61,70) и Хаг (60 проценти). Најмала излезност за време на гласањето денеска за шесттите претседателските избори во дипломатско-конзуларните претставништва на Северна Македонија до 18:30 часот е регистрирана во Венеција (26,55 отсто), Копенхаген (30,77 отсто), Абу Даби (30 отсто).

Вкупната излезност во странство до 18:30 часот 38,51 отсто, односно гласале 686 гласачи, а во неа како што појасни портпаролката на Државната изборна комисија, Љупка Гугучевска вечерва на втората прес-конференција, не се вклучени шест избирачки места во САД и Канада. Тие се уште се отворени и гласањето таму ќе се одвива до 19 часот по локално време. На 32 гласачки места во конзуларно-дипломатските претставништва на земјава, како што нагласи Гугучевска се пријавиле 1.781 гласач.

Тринаесетте гласачки места во КПУ, каде своето право денеска можеа да го остварат 1.640 гласачи се затворени. Гласањето течело без проблеми, а илезноста до 18:30 часот изнесува околу 55 отсто.

-Во текот на денешниот ден своето гласачко право го остварија и гласачите во единствениот Центар за раселени лица, рече Гугучевска.

Таму се сместени седуммина гласачи.

Прв пат гласале и гласачи во два старачки дома. Од 71, гласач, своето право го оствариле 70.

Гугучевска нагласи дека денеска избирачките одбори го спроведуваат и гласањето на лица, кои се болни и немоќни, како и на оние кои се во куќен притвор.

Во своите домови гласачкото право го остваруваат 3.539 граѓанин, кои се пријавиле како болни или немоќни и 12 кои се во куќен пртивор. Досега гласале 3.064 болни или немоќни и седум лица во куќен притвор. Ова гласање, рече Гугучевска се уште трае, се додека сите кои се пријавиле не го остварат своето право.

Потсети дека е активен бесплатниот телефонски број 0800555444, на кој заинтересираните можат да се јават да постават прашање и да остават коментар до ДИК, заедно со своите податоци. Новина во комуникацијата за граѓаните со оштетен слух и говор е тоа што на денот на изборите активен ќе биде телефонскиот број 076 488-360, на кој преку видео повик ќе можат да постават прашање до ДИК.

Би можело да ве интересира

Димитриевски: Потврдивме минимум пратеничка група, ќе бидеме со граѓаните и ќе работиме за нив

Орце Костов

Број на пратеници: ВМРО-ДПМНЕ 59, ДУИ 19, СДСМ 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 5

Орце Костов

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

Орце Костов

Касами: Од утре почнуваат преговори за влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Влен

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов

Мемов: Граѓаните покажаа дека се државотворни и го избраа својот нов претседател

Орце Костов