Во САД лекари обвинети за нелегално препишување лекови

Од:

Американските власти подигнаа обвинение против 53 здравствени работници, вклучувајќи и 31 лекар, поради нивната улога во нелегално препишување на опиоиди и други опасни лекови, понекогаш во замена за сексуални услуги.

Властите идентификувале 350 недозволени рецепти, со кои биле препишани 32 милиони таблети.

Имињата на обвинетите се уште не се објавени, но официјалните лица наведоа дека се извршени апсења и претрес кај обвинетите.

– Ако така наречените здравствени работници дејствуваат како дилери на дрога, Министерството за правда ќе ги третира како такви, изјави помошник-министерот за правда на САД, Брајан Бенчковски.

Речиси сите нелегални рецепти за дроги како фентанил и оксикодон се издадени во пет земји: Алабама, Кентаки, Охајо, Тенеси и Западна Вирџинија. Случаите опфаќаат и лекар во Дејтон, Охајо, кој, наводно, препишал 1.750.000 лекови за период од две години, а друг во Алабама, наводно им дозволувал на жени со кои имал секс, да користат лекови во неговиот дом.

Повеќе од 42.000 Американци починаа од предозирање со опиоиди во 2016 година, а овој број се зголемува.

Американскиот претседател Доналд Трамп ја прогласи кризата со опиоиди како вонредна здравствена состојба и во 2018 година ја објави својата иницијатива за ставање крај на злоупотребата на опиоидите.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски