Сиљановска: Оваа влада најдобро се снаоѓа во криминалот, корупцијата и криминалот, а не во демократијата

Од:

СДСМ и Зоран Заев ветувале многу проекти за граѓаните, но не исполниле ништо од тоа, истакна Сиљановска во Крива Паланка додавајќи дека нејзин предизвик како иден претседател ќе биде решавање на проблемите на сите граѓани.

За жал оваа власт ветуваше битка со сиромаштијата, ветуваше дека ќе ги заштити најнезаштитените, најслабите, се колнеше дека ќе ја брани и ќе стори се за социјалната држава. Ама заборави на тоа. И додека 40 проценти од граѓаните се борат за живот, за преживување, не мислам дека тие имаат свест за тоа. Тоа се истите оние луѓе кои се расфрлаат со коли, со мотори, со глисери.

Тоа ли е социјалдемократија? Не, тоа не е тоа. Социјалната држава ќе биде нашата основна цел. Тоа е предизвик за секоја одговорна власт и јас најпрво ќе се солидаризирам со најсиромашните, оти 40 проценти граѓани е огромна заборавена бројка, вели Сиљановска Давкова.

Според нејзе државата мора да биде неутрална, не партиска, потенцирајќи дека премиерот и министрите треба да работат на исполнување на ветените проекти а не да агитираат и да рисуствуваат и настапуваат на политички собири.

За време на избори претставниците на власта не треба да се сеприсутни во медиумите, не треба да одат ниту пак да агитираат на политички собири, зошто тие ја претставуваат државата, а државата не треба да биде партиска. Државата треба да биде неутрална, кажа Сиљановска Давкова.

Таа во своето обраќање истакна дека од секојдневната средба со граѓаните слуша и гледа голема недоверба во владата на СДСМ и во институциите, додавајќи дека оваа недоверба може да заврши со нејзината победа на претседателските избори на 21ви април и 5ти мај, а потоа и на предвремените парламентарни избори.

Отсуството на доверба треба да се запечати и да се потврди на следните претседателски избори а потоа да се завери и на следните предвремени парламентарни избори, изјави таа.

Според нејзе оваа влада најдобро се снаоѓа во криминалот, корупцијата и криминалот, а не во демократијата. Тие не умеат да пливаат во демократија, умеат да пливаат само во богатство, корупција и криминал, во непотизам, во фамилијарна демократија а таа тешко опстојува, затоа милам дека треба да си заминат, додаде Сиљановска Давкова.

Таа посочи дека секојдневното иселување на младите и образовни кадри од Македонија мора да заврши, ветувајќи дека доколку таа победи нејзиниот кабинет ќе го сочинуваат врвни професионалци во својата област и стручни лица.

Вреди да се инвестира во знаењето, дека нема поголема сила и моќ од знаењето, дека тие заслужуваат овде да го живеат својот сон, нагласи Сиљановска Давкова.

Посебен акцент таа стави и на нејзините приоритети како идна претседателка на Република Македонија а кои се дел од нејзината програма. Една од тие приоритети е токму и обраќањето пред Собранието се со цел да им предочи ма пратениците и министрите за проблемите на граѓаните, додавајќи дека доколку оваа влада не ги реши проблемите, ќе дојде наредната влада која сета своја енергија, знаење и моќ ќе ги посвети за решавање на општото добро а не на личното и колективното.

Она што е ваш приоритет ќе биде мој, дека јас многу пати ќе се обраќам пред собранието барајќи од пратениците и министрите да сторат се за да можат да се справат со проблемите на најсиромашните, со проблемите на лицата со посебни потреби, со проблемите на најранливата категорија ромите во
Македонија, особено со жените, со младите, со пензионерите, со земјоделците, се разбира во договор со владата, зошто јас сум убедена дека една идна влада ќе умее да го слуша народот да направи приоритет, сета енергија, знаење и моќ да ја посвети за решавање на општото добро а не на личното и колективното.

Ние сме уморни од олигарси, нам ни требаат одговорни демократи, политичари и државници, рече Сиљановска Давкова.

На крај таа посочи дека доколку не се водите од правото и правдата не може да има Европска Унија, ниту демократија а ниту добра и квалитетен живот, алудирајќи дека со нејзината победа конечно ќе се врати правната држава и владеењето на правото во Македонија.

Ако постојано не се водите од правото и правдата ако не велите дека без владеење на право нема ниту економија, ниту образование, нема ни Е од Европската Унија, додаде Сиљановска Давкова.

Би можело да ве интересира

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ да одговори кој ги нарача скандалозните помилувања на нарко-босови