Сиљановска во штабот на Пендаровски

Од:

Гордана Сиљановска Давкова денеска го посети изборниот штаб на нејзиниот против кандидат Стево Пендаровски. Таа на „Твитер“ објави дека со присутните разговарале за фер и демократски изборен процес и избори без нерегуларности.

Таа на „Твитер“ напиша дека шефот на изборниот штаб во Скопје Ѓорги Галетановски не ја пречекал, на што тој на Фејсбук ѝ врати дека „му е мило што била во промотивниот штаб на Пендаровски“.

„Ама еве втор пат да ве потсетам дека јас не сум шеф на штаб на претседателот и сум на работа секој ден од 8 до 16 часот во скопската зоолошка. Ви се извинив за коментарот, а таму сигурно била младината и ве пречекале пријатно и ферски како што ни доликува. Во недела губиш катастрофално. Убав ден“, напиша Галетановски.

Пред неколку дена, ВМРО-ДПМНЕ побара Галетановски да биде отстранет од изборниот штаб на Пендаровски, бидејќи наводно ја навредувал Сиљановска на социјалните мрежи.

Би можело да ве интересира

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Честитка од Трамп до Сиљановска Давкова за Денот на независноста

Предраг Петровиќ

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

На овие избори во најголемиот дел работите ќе се решат уште во првиот круг, вели Мицкоски

Горан Наумовски