А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Увезеното млеко нема да се продава додека не се потврди дека е безбедно

by А1он19/02/2013 - 14:38253
Share0

Задолжителни лабораториски анализи на афлатоксини во целокупните количини увезено млеко и млечни преработки, наложи Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Добивај вести на вибер

До добивање на резултатите од испитувањата, увезените млеко и млечни преработки нема да се пуштат во промет.  Ќе бидат складирани кај увозниците додека не се добијат позитивни резултати дека се безбедни.

Ако анализите потврдат присуство на афлатоксини над дозволеното, увезените количини ќе бидат уништени.

Присуството на афлатоксини во млекото и млечните преработки увезени од Србија, БиХ, Хрватска и Косово задолжително се испитува од минатата недела. Од вчера, листата е проширена на целокупната количина што се увезува.

Агенцијата ги засили и контролите на фармите, во преработувачките капацитети, како и на домашниот пазар.

– Производството на млеко во државата е под постојан мониторинг преку спроведување на Националниот мониторинг план за контрола на резидуи од ветеринарно медицински препарати и контаминенти кај живите животни и производите од животинско потекло во Република Македонија, одобрен од Европската комисија. Минатата година врз основа на овој мониторинг план, се испитани 81 мостра од сурово млеко, земени од различни фарми во државава. Според добиените резултати, ниту една не покажала присуство на афлатоксин, наведува АХВ.

Афлатоксините се продукт на габите Aspergilus кои најчесто се јавуваат кај житата од каде, преку исхраната, се пренесуваат во добитокот.

Државниот инспекторат за земјоделство уверува дека добиточната храна увезена од Србија е безбедна и сигурна за употреба.

– Анализите на Институтот во Штип покажаа дека увезената пченка од Србија е безбедна, не ги надминува дозволените концентрации на афлатоксин и може да се употребува за сточна храна, изјави директорот на Инспекторатот Румен Стаменов.

Според него, анализите на српската пченка што беа засилени во декември 2012 по алармот дека е токсична, покажаа присуство на патогената бактерија Fusarium од 4 до 5 отсто, но не и на габата Aspergilus која произведува афлатоксин.

– Од досегашните испитувања немаме никакви сознанија дека е надминато дозволеното ниво на афлатоксин кое согласно Правилникот за храна може да се движи од 10 до 50 микрограми во одредена количина сточна храна. Кај нас таа количина, во просек, е 2 до 3 микрограми афлатоксин, рече Стаменов.

Минатата година се увезени вкупно 2.155 пратки или 54.935 тони српска пченка за добиточна исхрана, а во јануари 2013 64 пратки или 1.657 тони.

– Никаде не наидовме на надминување на количеството на афлатоксинот. Граѓаните, како консументи на млеко, не треба воопшто да се грижат, нека бидат сосема спокојни, нагласи директорот.

Тој објасни дека ако количината афлатоксин во сточната храна е зголемен, најпрво ќе предизвика промени кај животните, масовни дизентерии, маститис, појава на абортуси.

– Нашите ветеринари не дијагностицираа ништо такво. Сепак, заради сигурноста, будно ја следиме состојбата. Ги зајакнавме граничните контроли особено по случката во Италија и досега немаме откриено резултати кои би не загрозувале. Во сточната храна (пченката) ако има, е присутен т.н. Б1 афлатоксин од кој само 3 отсто се трансформираат во типот М1 кој би можел да се најде во млекото, објасни директорот Румен Стаменов.

Пораката од Државниот иснпекторат е дека домашната пченка е со многу подобар квалитет и најабезбедна за употреба како добиточна храна.

mleko

Би можело да ве интересира

Итно се повлекува млекото „МИЗО 2,8%“: АХВ нареди да не се пие и да се врати од каде што е купено

A1on15/06/2023 - 15:33

(ВИДЕО) Внимавајте: Напивка за слабеење, суплементи за црниот дроб, млеко, чоколади – повлечени како небезбедни

Анита Петровска Рајковиќ18/11/2022 - 11:5318/11/2022 - 12:03

Се повлекува од продажба млекото за доенчиња Novalac 1

Наум Локоски03/06/2017 - 10:16

Конференција „Биодиверзитет на млеко“

Ана Ололовска16/10/2014 - 08:40

Агенцијата за храна и ветеринарство со засилени мерки за контрола на афлатоксинот

Ана Ололовска01/02/2014 - 12:14

Увезуваме само Aptamil и Hipp Organic, нема нотификација за поголеми количини алуминум

Ана Ололовска15/10/2013 - 15:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен