Рохани: САД да ги суспендираат санкциите кон Иран поради големите поплави

Од:

Претседателот на Иран, Хасан Рохани денеска изјави дека САД треба да ги суспендира санкциите против Иран поради неодамнешните поплави што ја погодија земјата, при што загинаа десетици лица.

– Американските претставници кога би имале мудрост би објавиле дека ги суспендираат санкциите на една година поради поплавите во Иран, посочи Рохани.

Тој додаде дека Бела куќа е „нехумана“ бидејќи одбива да дозволи парична помош за иранската организација на Црвената полумесечина.

Од средината на март северните и западните делови на Иран се погодени од разорни поплави, при што загинаа десетици луѓе и предизвикаа голема материјална штета.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас