Тачи: Нема никаква тајна агенда за состанокот во Берлин

Од:

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека средбата на челниците на Косово и Србија на 29 април во Берлин едноставно претставува продолжение на заинтересираноста на Германија и Франција за Косово и регионот, јави дописникот на МИА од Приштина.

Тачи преку својата страница на Фејсбук тврди дека на таа средба нема да има никаков план за предлагање некакво решение за договор меѓу Белград и Приштина.

Тој, исто така, негира дека зад оваа средба се крие некаква тајна агенда за решавање на споровите меѓу Косово и Србија.

– Очекуваме, на крајот, оваа средба да резултира со реторичка заедничка изјава, претходно усогласена меѓу учесниците, која меѓу другото барем уште еднаш ќе ја потврди европската перспектива на нашиот регион и ќе ја нагласи неопходноста од нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија, пишува Тачи.

Според косовскиот претседател, „за Косово би било разочарување доколку Франција и Германија и на оваа средба не ги усогласат ставовите во однос на одлуката за визна либерализација“ за косовските граѓани.

– Косово останува единствената изолирана земја во Европа. Затоа, да се говори за европска перспектива на Косово, макар и само реторички, претставува повеќе од дволичност, порача Тачи.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија