Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе ќе го пропушти натпреварот од 28. коло во француската Лига 1 против Нант, објави „Ле Паризиен“.
Како што се наведува, тренерот на тимот Томас Тухел, го казнува Мбапе поради критиките упатени кон неговите тимски колеги по неделниот поразот од Лил (1:5).
Тогаш Мбапе изјави дека тимот играл како аматери и немал доволно карактер.
Се забележува дека фудбалерот не е повреден и дека одлуката е чисто дисциплинска.
Натпреварот Нант – ПСЖ се игра вечер од 19 часот. Евентуална победа за ПСЖ ќе значи заверување на шампионската титула.