Мицкоски во Аеродром: Заев се коцкаше со македонската химна за да не му направи проблем на неговиот нов пријател

Од:

Мицкоски пред присутните во Аеродром денеска посочи дека си имаме работа со политички измамници власт, предводени од Зоран Заев кои тргуваат со државниот и националниот идентитетот само заради за фотелји и пусти пари, и сите се сеќаваме дека истиот тој Заев се срами од македонската химна од тоа дека „Денес над Македонија се раѓа“ и дека „Македонците се борат за своите правдини“.

Се срамеше да каже на каков јазик зборуваат жителите на северна Грција, а е различен од грчкиот, се срамеше да каже дека таму живеат Македонци кои пеат македонски песни и играат македонски ора.

Истиот тој Заев се обидуваше да ги манипулира граѓаните, велеше дека немало време за химната бидејќи доцнел авионот за да неколку дена подоцна ја каже вистината, а таа е дека се коцкаше со македонската химна за да не му направи проблем на неговиот нов пријател во неговата земја, потенцираше Мицкоски.

Тој истакна дека граѓаните имаат две опции, од едната страна Стево Пендаровски избран на деспотски начин заедно со тие кои во транзицијата уништија илјадници животи позади него, и од друга страна ја имаме Сиљановска Давкова како бескомпромисен борец за правото, и заштитник на Уставот и законите во Република Македонија.

Сите луѓе кои се виновни за човечки несреќи во времето на транзицијата се позади Стево Пендаровски и велат ајде да одиме напред. Втората алтернатива е бескомпромисен борец за право и правдина, заштитник на законите и Уставот, а тоа е професорката Гордана Сиљановска Давкова. Изборот е јасен иден претседател е професорката Гордана Сиљановска Давкова, нагласи Мицкоски.

Тој пред присутните истакна дека после илјадници поминати километри низ државата сите граѓани се одлучни дека никогаш полошо во државава не било и дека насекаде се случуваат неправди и затоа мора правдата да ја победи неправдата во Република Македонија Неправда е кога го гледаме оној министер кој слетал од Дубаи со новите патики како нашол доблест да ги исплати субвенциите за тутунопроизводителите па се фали.

Конечно му текна да се фати за работа и да им исплати тоа што им следува за нивната мака и пот.

Ги навредувате тутунопроизводителите со тоа што наместо да им ги исплатите субвенциите кога требаше чекавте да дојде три дена до изборот на нов претседател и да тргувате со нивните гласови на тој начин. Ги потценивте и навредивте, рече Мицкоски.

Тој додаде дека неправда е и кога им ветуваа на младите работа, а денес акко не сте роднина на Мира Дизел тешко ќе најдете работно место, неправда е кога на студентите ќе им се ветува реформирано образование, реновирани студентски домови, а тие денес испити спремаат во супстандардни услови како во 19 век.

Неправда е кога ќе ветувате реновирани болници, клиники, 100.000 ден просек плата за докторите, а реалноста е кога сте власт ќе ги приватизирате овие болници па мора докторите да ги полнат клиниките во Европа, САД и Австралија да бегаат од тука. Неправда е кога ќе ветувате повисоки пензии, а денеска кога имате можност тоа да го исполните вие ги намалувате и од 1ви април 2019 година секој пензионер има 400 до 700 денари пониска пензија, од таа која што претходно му следуваше, потенцираше Мицкоски.

Тој истакна дека исто такви неправди има и кај бизнисмените на кои им ветуваа пониски даноци, но наместо тоа кога дојдоа на власт ги покачија, а неправда е и кога патриоти лежат во затвор со казни од два века,а убијците на децата кај Смиљковско езеро шетаат слободни на улица.

Овој народ заслужува подобро, ние имаме капацитет за поинаква држава, а не ваква понижена опљачкана, омаловажена од овие измамници кои што ветуваа правда, ветуваа мир, а донесоа една голема неправда. Затоа и ова политичко зло кое што надвиснало над Македонија да го растераме. За нова честита достоинствена Македонија , и да ја отвориме вратата за нови предвремени избори, нагласи Мицкоски.

Затоа тој на крајот повторно ги повика жителите на Општина Аеродром сите заедно да се придружат и да ја дадат поддршката за Гордана Сиљановска Давкова на 21ви април, а потоа и на 5ти мај, за потоа да дојдат предвремени претседателски избори и оваа власт предводена од Зоран Заев и СДСМ да замине на темната страна од политичката историја и да изгрее зората на слободата која ќе донесе правда во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: На 8 ми мај граѓаните масовно да излезат на изборите, се одлучува за иднината на државата

А1он

Мицкоски од Тетово: Во рамките на проектот за 250 милиони евра за инфраструктурен развој на општините дел ќе се инвестира и во општините во западна Македонија

Мицкоски од Гостивар: ДУИ ги злоупотребува Албанците, врз митот за права направија милиони, ќе одат во опозиција и ќе одговараат за криминалот

Левица пред КСС ја претстави трудова програма

А1он

Димитриевски од Пелинце: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

А1он

Меџити не кажа дали е можен министер за внатрешни работи: Ќе разговараме во наредните денови

А1он