ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се фатени живи во обид да крадат лични податоци за гласачите

Од:

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека партијата на власт е фатена во обид да краде лични податоци со кои би се вршеле дополнителни притисоци врз гласачите.

„СДСМ се толку збунети што првин демантираат дека таква апликација постои, а после самите се негираат и велат дека била наменета само за нивни членови“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

“Фактот што кратко по изјавата на граѓанскиот штаб на Гордана Сиљановска Давкова за спорната апликација за која се бара реакција од Јавното обвинителство, апликацијата е избришана од сервисот Google Play доволно говори за проблемот со кој се соочува Македонија.

Кој ја инсталирал и кој денеска ја избришал апликацијата со назив IZBORI 2019 KC SDSM ќе утврдат надлежните институции пред се Јавното Обвинителство и Државната комисија за заштита на личните податици за кои се надеваме дека уште денеска во соработка со МВР презеле соодветни мерки и активности за расчистување на случајот.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

“Граѓанскиот штаб на кандидатката за претседател Гордана Сиљановска Давкова им сугерира на одговорните во СДСМ да најдат добри адвокати и да ги информираат сите вклучени во оваа спорна партиска активност дека ќе одговараат за секое прекршување на законот.

Во исто време ги повикува сите членови на тимот кој што ја спроведувал операцијата за нелегално прибирање на лични податоци и мета дата да се консултираат со правните застапници за нивниот дел од одговорноста.

Нарушување на приватноста, злоупотреба на лични податоци и нарушување на изборниот процес се сериозни кривични дела за кои не може никого да амнестира.

Правната држава во Македонија мора да се воспостави, овие избори и победата на Гордана Сиљановска давкова и покрај нечесниот и нелегален обид на власта ќе докажат дека граѓаните се против партиски инсталации кои го кршат законот и основните уставни начела.”, апелира ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети