Тухел: Ако и следната година имаме 17 поени предност, ќе бидам задоволен со таква криза

Од:

Тренерот на Пари Сен Жермен не е загрижен од слабата форма на тимот, кој во последните две средби во Лига 1 прво одигра 2:2 против Стразбур со доцен гол, а потоа претрпе пораз со 1:5 од вториот на табелата Лил – нешто необично за парижаните.

– Треба да го прифатиме овој период од сезоната. Има многу позитивни, но исто така тешки недели. Тоа не е криза, туку тешка фаза. Јас ќе бидам задоволен од истата криза и следната сезона ако имаме 17 поени предност! Мораме да останеме смирени и сплотени. Нашата цел е што поскоро да станеме шампиони. Имавме можност да го сториме тоа против Стразбур и Лил, но ние не го искористивме тоа. Секогаш има пречки за надминување. Тома Муние, Единсон Кавани, Нејмар, Маркињос, Тиаго Силва и Анхел Ди Марија се повредени, а Хуан Бернат и Марко Верати се казнети. Ова не е нашиот тим за Лигата на шампионите, туку листа на отсутни, вели Тухел.

Според него, во моментов тимот нема доволно играчи, за да се справи целосно со своите задачи на теренот. Тој додаде и дека Нејмар ќе се врати наскоро на теренот.

– Тоа е реалноста. Ако нема играчи, остатокот од тимо мора да биде поодговорен. Тоа е многу тешко. И физички и ментално се уморни. Тие не застануваат. Нејмар веќе нема болка. Тој е многу самоуверен и сака да се врати што е можно поскоро, рече Тухел пред посетата на Нант

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

А1он

ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шоу на Мбапе и Жиру против Полска, Французите ја продолжуваат одбраната на титулата

Катерина Ѓуровски

Во Франција тврдат дека Зидан на лето ќе застане на чело на ПСЖ

Ана Ололовска

Гризман му даде поддршка на Умтити: Без него немаше да го освоиме СП, тој е примерен професионалец

Ана Ололовска