Пендаровски во Дебар: Да не и дозволиме на Гордана и на ВМРО-ДПМНЕ пак да не вратат назад

Од:

На претстојните претседателски и локални избори да се гласа за концептот што води напред кон ЕУ и НАТО, побара денеска од граѓаните на Дебар, Пендаровски. Воедно, побара граѓантие да дадат поддршка и на кандидатот за градоначалник, Хекуран Дура.

– Дебарчани секогаш знаеле да се обединат за една иста цел, а тоа е подобар живот во нашата заедничка земја. Како иден претседател нема да правам поделби, туку ќе бидам целосно доследен во применувањето на концептот едно општество, бидејќи тоа веќе е препознаено како рецепт за успех, истакна Пендаровски.

Пред граѓаните, Пендаровски ги потенцираше придобивките од отворањето на евроинтеграциите, особено во делот на економскиот развој и перспективите за младите.

– Придобивките од интеграцијата во ЕУ и НАТО веќе се чувствуваат, а истите дополнително ќе се интензивираат со членството во НАТО и започнувањето на преговорите со ЕУ. И затоа, не смееме да застанеме туку да продолжиме напред.

Да не и дозволиме на Гордана и на ВМРО-ДПМНЕ пак да не вратат назад. Тоа ќе го сториме преку гласање за број три на претседателските и глас за Хакуран Дура на локалните избори овде во Дебар.

Затоа, заедно напред, за подобар живот за подобра иднина на Дебар и на Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ДЕА доставила податоци до македонското и српското обвинителство за скандалот со пет тони дрога

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Со денови нема одговор како 5 тони дрога поминаа преку македонската граница, нема приведени, нема осомничени

Горан Наумовски

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

СДСМ: Реформи во ВМРО, наместо нови лица – стара банда

(ВИДЕО) СДСМ: Криминалецот Симе пука и го цитира Шешељ

Горан Наумовски