ВИДЕО: Како се редат митинзи, така се редат и гафови во претседателската кампања

Од:

Продолжува низата гафови и комични ситуации на митинзите на претседателските кандидати во последната недела од изборната кампања.

Стево Пендаровски на митинзите зборуваше на албански, им даваше знаци на присутните да станат при интонирање на химната, но и се шегуваше со грешките кои ги правеше неговата противкандидатка Гордана Сиљановска-Давкова.

Лапсузи и смешни моменти имаше и кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Сиљановска. Таа, говорејќи на митингот во Скопје, го погреши датумот на изборите и наместо на 21 април, ги повика граѓаните да гласаат за неа на 21 септември. Младината од ВМРО-ДПМНЕ за Сиљановска направи и аматерски видео-спот кој потоа вирално се рашири на социјалните мрежи, па иако целта беше да се привлечат гласови, истиот доби сатирична димензија.

Учество на митинзите од СДСМ, зема и лидерот Зоран Заев кој зборуваше на кумановски дијалект и српски јазик, a посветуваше и песни до ВМРО-ДПМНЕ.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Андреј Бабиш се враќа на власт: Победа на популизмот и нови предизвици за Чешка

Предраг Петровиќ

Трет ден кампања за Локалните избори 2025

Руското МВР тврди: Регистрирани се 10 обиди за терористички напади за време на локалните избори

Избори во Северна Рајна-Вестфалија: ЦДУ го задржува водството, АфД во силен пораст

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Честитка од Трамп до Сиљановска Давкова за Денот на независноста

Предраг Петровиќ