(ВИДЕО) Славева: Филипче конечно треба да се фати за работа, да работи за граѓаните

Од:

„Стево Пендаровски, Зоран Заев и Венко Филипче се исти. Повеќе од четири месеци не можат да се справат со епидемијата на морбили, која однесе неколку човечки животи од крајот на декември до сега.

Антиваксерската кампања која СДСМ ја водеше со години, уште од времето кога беа опозиција ги зема своите жртви.

Додека Филипче тера кампања за Пендаровски, епидемијата на морбили се шири. Откако не успеаја да се справат со епидемијата на морбили по повеќе од четири месеци мораа да прогласат епидемија на територија на цела држава.

Венко Филипче ги излажа граѓаните, тој уште во јануари ветуваше дека за две недели ќе биде решена состојбата со морбилите, но поминаа и три месеци, а стиуацијата не само што не е решена, туку и излезе од контрола“, рече Маја Славева од ВМРО-ДПМНЕ.

„Филипче, како и досега, така и сега поради Пендаровски, ги заборави и граѓаните кои во здравството не можат да добијат основна здравствена услуга, а цел живот одвојуваат пари.

Додека Филипче работи за Пендаровски наместо за граѓаните, секојдневно слушаме за по некој починат и тоа поради неспособноста на министерот да го менаџира секторот здравство.

Неспособноста и лошите политики на Филипче и Заев уште еднаш ги гледаме на дело, сега кога епидемијата енормно се шири, а тие тераат политика со цел реализирање на своите интереси.

Крајот на епидемијата не е ни на повидок.

Филипче конечно треба да се фати за работа, да работи за граѓаните и да заборави на своите лични интереси, и интересите на партијата и претседателскиот кандидат Пендаровски, ако не треба веднаш, по толку пропусти да замине од местото министер за зравство“, изјави Маја Славева од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: Денешната седница беше перфиден театар на ДПМНЕ и ДУИ – не помина предлогот за фер конкуренција

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: СДС си го плаќал идеологот Фрчкоски со 200 илјади евра преку Еразмус +

Катерина Ѓуровски

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повикува обвинителот Коцевски да се поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски