МКФ ги суспендира „Градски парк“ и малата сала во „СРЦ Кале“

Од:

Македонската кошаркарска федерација денеска соопшти дека не дозволува да се играат натпревари од плеј-офот и плеј-аутот во салите „Градски парк“ и „СРЦ Кале – малата сала“ во Скопје.

По инспекцијата, МКФ констатира дека овие две сали не ги исполнуваат стандардите за одигрување на натпревари од Прва лига мажи, Супер-лига, плеј-аут и плеј-офот.

– Клубовите кои ги имаа пријавено наведените сали за одигрување на натпревари, во дадениот рок не ги испочитуваа насоките од МКФ за санација и мерки за создавање потребни услови за одигрување на натпревари, поради што во спортските сали не се дозволува одигрување на кошаркарски натпревари од Прва лига мажи, Супер-лига, плеј аут и плеј оф. Клубовите ќе мора да пријават друга сала која ги исполнува стандардите за одигрување на натпревари од погоре наведените лиги, стои во соопштението на МКФ.

Во појаснувањето на оваа одлука се потсетува дека Управниот одбор на Македонската кошаркарска федерација одржан на ден 2 октомври 2018 година, како и инспекцијата направена на 26 јуни 2018 и потоа со конечна проверка на 3 април 2019 година, во спортските сали пријавени за одигрување на натпревари од прва лига мажи се констатирани несоодветните услови во наведените сали.

Би можело да ве интересира

Антиќ избра 25 кошаркари за подготовките за јуниорското ЕП во Софија

Ана Ололовска

Слободен влез за навивачите за завршницата на македонскиот кошаркарски Куп

Ана Ололовска

Завршницата на македонскиот кошаркарски Куп почнува в четврток

Во нова драма, Македонија со тесна победа над Словачка!

Горан Наумовски

Феникс 2010 ја прекинаа серијата победи на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Кошаркарите на Бадел 1962 испишаа клупска историја во Јадранската лига

А1он