Пендаровски во Ранковце: Отворени се вратите кон ЕУ и НАТО

Од:

Да се гласа за концептот што води напред, што ја носи државата во Европа, порача Пендаровски денеска во Ранковце.

– Отворени се вратите кон ЕУ и НАТО и затоа овој момент мора да го искористиме за да ги продолжиме позитивните промени. Со членството во НАТО, со почетокот на преговорите со ЕУ, се забрзува развојот, економијата станува конкурентна, се отвораат фондови за поддршка на земјоделците и се обезбедуваат повеќе пари за граѓаните. Да покажеме одговорност пред државата и да гласаме за напредок, истакна Пендаровски.

Другата опција, посочи Пендаровски, нема план, нема идеја, тие нудат само уништување кое води во изолација. Да не дозволиме да се врати времето кога имаше живот само за партијата на власт и фамилијата.

– Не смееме да дозволиме никој да се коцка со иднината на младите и државата не смееме да дозволиме некој да нѐ враќа во темното минато. Затоа, во недела заедно сплотени да излеземе масовно на изборите и да гласаме за број 3, да продолжиме заедно напред, повика Пендаровски.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“