Валтери Ботас ги освои квалификациите за Големата награда на Кина во битка со неговиот колега Луис Хамилтон на патеката „Шангај“. Финецот беше фокусиран во текот на целите квалификации, додека четирикратниот светски шампион успеа притисне едвај на крајот. Тие беа одделени со само 0.023 секунди.
Во вториот ред со три десетинки зад нив останаа Ферари, откако Фетел беше побрз од Леклер со само 0.017 секунди. Третиот ред е окупиран од Ред бул, откако Гласли заостана осум десетинки од Верстапен. Макс се жалеше на радио за проблеми со сообраќајот за време на последниот обид.
Најбрзи во средината беа Рено, каде што Рикардо успеа да го надмине Хулкенберг со деведесет и четири илјадити делови од секундата. Топ 10 ги оформија двата автомобили на Хас, кои во третиот дел дури и не запишаа времиња, за да ги сочуваат гумите и техниката.
Со оглед на не толку големите разлики и тешката патека, трката се чини дека ќе биде сосема неизвесна. ГП за Кина почнува утре, 14 април во 08:10 часот по македонско време.