Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе, веројатно нема да го засили Реал Мадрид во текот на летото.
Евентуалниот трансфер на Французинот ќе изнесува околу 300 милиони евра, а тренерот на „белиот балет“, Зинедин Зидан не сака да го потроши целиот буџет за летоска само за еден фудбалер.
Зизу побарал од претседателот Флорентино Перез да се концентрира на привлекување на двајца играчи – Еден Азар и Пол Погба.
Можно е наместо Мбапе, Реал да се фокусира на Садио Мане од Ливерпул, кој е проценет на 150 милиони евра.
Трансферот на Азар е речиси сигурен, откако „сините“бараат 100 милиони фунти (116 милиони евра) за својот фудбалер.