(ВИДЕО) Заев: Иванов не може да аболицира

Од:

Не очекувам никаква аболиција од претседателот Иванов, изјави премиерот Зоран Заев по информациите дека до кабинетот на Иванов веќе се пристигнати барања за помилување од страна на дел од осудените за крвавиот четврток. Тој потенцира дека претседателот на државата нема ниту време ниту законска можност да аболицира пред истекот на неговиот мандат на 12 мај.

„Јасно е како бел ден, членот 11 од законот за помилување не постои, тој е укинат и не може да се делува по него. А постапките кои се водат преку министерството за правда не може да се водат за време на избори. Тие се забранети постапки, може да влијаат на изборите, на бројот на гласови и самите гласачи, тие може да се водат откога ќе завршат изборите“ рече Заев.

За судбината на СЈО, Заев вели дека предметите се живи и дека ќе се распределат по судии и обвинители, а преговорите со опозицијата за законот за јавно обвинителство ќе продолжат.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски