НАТО ќе и подари на Црна Гора 3Д радар

Од:

НАТО ќе и подари на Црна Горa радарски систем 3Д кој ќе биде инсталиран на Бјеласица.

Министерството за одбрана на Црна Горе претходно до НАТО упатило барање за отстапување на радарот, чија вредност изнесува околу 20 милиони евра.

– Можеме да потврдиме дека на црногорските власти им е доделен радарски систем. Овој важен чекор претставува уште еден силен напор да се обезбеди одбрана и заштита на воздушниот простор на земјата, заедно со воздушните полициски сили кои ги обезбедуваат сојузнички авиони од Грција и Италија, изјавил претставник на Алијансата, пренесува РТЦГ повикувајќи се на „Побједа“.

Црногорското Министерство за одбрана не ја потврди информацијата, но негови претставници соопштија дека разговорите со НАТО се во тек.

Би можело да ве интересира

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина