ХК: ДИК мора итно да даде јасни појаснувања и препораки за медиумското претставување на изборите

Од:

Хелсиншкиот Комитет за човекови права, во изминатиот период дојде до сознание дека неколку радиодифузери и медиуми поради несоодветна примена на одредби од Изборниот Законик нема да бидат во можност да се вклучат во медиумското претставување на кандидатите за Претседател на Република Северна Македонија. Врз основа на приложените документи и одредбите од Изборниот Законик, Комитетот подготви правно мислење за овој случај. Станува збор за одредбите со кои законот ги регулира правата и обврските на медиумите кои се заинтересирани да се вклучат во медиумското претставување на кандидатите што учествуваат на избори и како соодветно да го спроведат медиумското претставување на балансиран и фер начин.

„Изборната кампања е во тек, а можноста на одредени радиодифузери, и покрај тоа што изразиле интерес да се вклучат во медиумското претставување на кандидатите за избор на Претседател на РСМ, им е ускратена поради несоодветно и нејасно постапување на Државната изборна комисија. Поради тоа, Хелсиншкиот комитет апелира ДИК во најбрз можен рок на јасен, прецизен и недвосмислен начин да даде појаснувања и препораки за примената на одредбите повразни со медиумското претставување на кандидатите за време на кампања (од член 75 до член 76-д), да даде поконкретни упатства што значи обврската и рокот утврден со член 75-ѓ (ст. 3, 4 и 5), дали е тој рок преклузивен и кои се конкретните правни последици од пропуштање на тој рок.

Доколку ДИК даде мислење дека тој рок е преклузивен и пропуштањето на истиот ги ограничува радиодифузерите, кои го пропуштиле рокот да ги поднесат навреме ценовниците до надлежните институции, да учествуваат во медиумското претставување на кандидатите на овие претседателски избори, треба за тоа да донесе конкретен правен акт-одлука за секој радиодифузер, односно медиум поединечно, за тие да имаат можност да бараат соодветна правна, односно судска заштита.

Во спротивно, ДИК би постапил арбитрарно, што е спротивно на позитивните правни прописи и Уставот на РСМ.

Нашата анализа на соодветните одредби од Изборниот Законик (од член 75 до член 76-д) го покажува следново:

Со членот 75-ѓ се уредува, покрај времетраењето на емитување на платена политичка програма се уредува и должноста за утврдување на ценовници, нивно објавување и доставување до надлежните институции, забраната за менување на ценовниците за време на кампања, должноста на електронските медиуми (портали) да се регистрираат во соодветниот регистар, како и обврската на учесниците во изборната кампања како нарачатели на платено политичко рекламирање кај радиодифузерите, печатените и електронските медиуми да достават медиа план за платено политичко рекламирање.

Членот 31 ст. 2 алинеа 43-а предвидува обврска на ДИК да ги објави ценовниците на радиодифузерите и печатените медиуми на својата интернет страница, но не е прецизирано дали тоа се однесува само на тие кои навремено доставиле ценовници или за сите медиуми кои доставиле ценовници,а го сториле тоа после рокот утврден во чл. 75-ѓ,

Со членот 76-д пак се уредува дека за исполнување на законските обврски на радиодифузерите, печатените и електронските медиуми во делот на објавувањето на платено политичко рекламирање, финансиските средства се обезбедени од буџетот на Република Северна Македонија, и дека ДИК од овие средства ги исплаќа трошоците за објавеното платено политичко рекламирање врз основа на доставена фактура со прилог медиа план и извештај за реализирани услуги,

Со овој законик, пред се, не е прецизно и јасно утврдено дали финансирањето за медиумската изборна кампања може да биде исклучиво од Буџетот на РСМ и преку ДИК, или може независно од овој начин на финансирање на медиумското претставување, кандидатите кои учествуваат на избори директно да склучат договори за платено политичко рекламирање со радиодифузерите и медиумите,

Исто така, се става обврска за радиодифузерите, печатените и електронските медиуми со рок од 5 дена за утврдување, објавување односно доставување на ценовници за политичко рекламирање како што е утврдено со член 75-ѓ ( ст. 3, 4, 5) но понатаму во ниедна одредба јасно не се уредува зошто е даден тој рок, што е последицата доколку истиот не се испочитува, дали непочитувањето на тој рок како последица значи само основ за прекршочно казнување согласно член 181-а или непочитувањето значи дека медиумот кој не постапил согласно таа одредба го губи правото воопшто да учествува во медиумското претставување на кандидатите кои учествуваат во изборната кампања. Доколку пропуштањето на овој рок доведува до било која од овие правни последици, тогаш надлежниот административен орган/институција мора да донесе соодветна управна одлука, која понатаму ќе му овозможи на незадоволниот радиодифузер/ медиум да бара остварување на своите права согласно важечките прописи за управна постапка и управен спор односно судска заштита,
Изборниот Законик, како lex specialis, нејасно од кои причини, воопшто не ја уредува правната заштита во вакви случаи, поради што тоа значи дека во таков случај се применуваат одредбите на Законот за општа управна постапка и Законот за управни спорови како lex generalis,

Во казнените и прекршочни одредби, од друга страна, во членот 181-а предвидена е прекршочна глоба доколку радиуодифузерите, печатени и електронски медиуми постапат спротивно на членот 75-ѓ од ИЗ. Со членот 182 пак повторно предвидува казна за прекршување на конкретни ставови од истиот тој член 75-ѓ, што доведува до правна несигурност при толкувањето и примената на овие членови.

Со членот 76-в ст.3 се утврдува обврска на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги која е должна во рок од 48 часа да покрене прекршочна постапка против радиодифузерот кој ги прекршил одредбите на овој законик, додека пак членот 31 ст. 4 ваква надлежност предвидува и за ДИК, без притоа ниедна од одредбите да прецизира точно во кои случаи може ДИК односно ААВМУ да поведат прекршочна постапка,

И на крај, една од главните надлежности на ДИК согласно членот 31 ст. 2 алинеа 2 е да дава упатства, појаснувања и препораки за примената на одредбите на овој законик, а во конкретниот случај ДИК пропуштил да го стори тоа, иако станува збор за ново законско решение кое за првпат во пракса ќе се применува на овие избори“, се вели во соопштението на Хелсиншки комитет.

Би можело да ве интересира

Борис Кондарко и официјално претседател на ДИК

Чејни: Ќе гласам за Харис, а не за републиканецот Доналд Трамп

Горан Наумовски

ДИК: Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами

„Европски фронт“ поднесе тужба до Управен суд за прегласувањето во Желино

ДИК ќе одлучува по приговорот од Европскиот фронт

Катерина Ѓуровски

Коалицијата „Европски фронт“ доставила приговор до ДИК за прегласувањето во Желино