(ВИДЕО) Попоски: Криминалитетот во Прилеп намален за над 30%, полицијата е партнер на граѓаните

Од:

„Секојдневните обиди на ВМРО-ДПМНЕ со лажни вести да внесе страв и паника меѓу граѓаните, се распрснуваат како меур од сапуница. Подолго време, безидејната опозиција ја пласираше тезата за наводната нарушена безбедносна состојба во градот. Со паушални оцени и класични дезинформации, ВМРО-ДПМНЕ манипулираше со своите сограѓани, со цел да внесе несигурност кај граѓаните на Прилеп.

Официјалните податоци на Министерството за внатрешни работи за безбедносната состојба во градот, ги демантираат сите наводи на прилепската опозиција и на најдобар начин го потврдуваат она што Социјалдемократскиот сојуз на Македонија цело време го тврди – дека безбедносната состојба во Прилеп е на потребното ниво и дека граѓаните можат да бидат спокојни.

Имено, официјалната статистика на МВР, односно СВР Битола, во чиј состав функционира Полициската станица од општа надлежност – Прилеп, вели дека во периодот од 2015 до 2019 година, најголем број на кривични дела „Тешка кражба“ со непознат сторител, биле регистрирани во 2015 – 1.009 и 2017 година – 1.018.

Најмал број на регистрирани кривични дела имало во 2018 година – 671. Тоа намалување на криминалитетот во градот за повеќе од 30%“, изјави Филип Попоски – портпарол на ОО СДСМ Прилеп.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски