Во центарот на Софија вечерва се судрија анти-владините демонстранти и полицијата, а според официјалните извештаи, најмалку 20 луѓе се повредени, вклучувајќи и неколку полицајци, додека 11 лица се уапсени.
Судирот се случил во центарот на Софија, пред зградата на националниот парламент, каде што полицијата формира кордон, кој демонстрантите го опсипаа со камења.
Целиот центар на главниот град на Бугарија беше блокиран, бидејќи демонстрантите го запреа сообраќајот на главните булевари во градот, што доведе до колапс на сообраќајот.
Антивладините демонстрации вечерва се одржаа и во Пловдив, Варна и неколку други градови, а заедничко барање е, оставка на премиерот Бојко Борисов.
Оставка утрово поднесе министерот за финансии во владата на Бугарија, Симеон Џанков.