Светски ден на „Интернет на нештата“

Од:

Светскиот ден на „Интернет на нештата“ (Internet of Things – ИоТ), се одбележува денеска, а според проценките говорат дека до крајот на оваа година во светот ќе има 26 милијарди уреди поврзани на интернет.

ИоТ е еден од носечките елементи на четвртата индустриска револуција. Тој концепт е поставен пред точно 20 години и се заснова на идејата – пасивните нешта да се претворат во интелигентни, смарт, „паметни“ ентитети коишто ќе можат, со помош на интернетот, да разменуваат информации. Комуникацијата се одвива на повеќе нивоа и денес веќе ги пречекорува вообичаените граници на функционирање на уредите и физичкиот свет околу нас. Со други зборови, вмрежените паметни уреди имаат способност да собираат информации, да „почувствуваат“ и да ги пренесат истите за да можат некои други уреди или луѓе да направат нешто со тие информации.

„Интернет на нештата“ е всушност поврзување на секојдневните предмети во современото живеење.

– ИоТ најчесто потсеќа на така наречените паметни згради и домови. На пример, куќа која самата ја подесува светлината и оптимална температура во просториите. Или пак, кога со паметниот телефон го управуваме шпоретот и готвењето, но и кога тој самостојно нѐ известува дали децата пишуваат домашно или гледаат телевизија, објаснува Јан Келер од компанијата Намикс.

Концептот „Интернет на нештата“ 1999 година го дефинирал британскиот инженер Кевин Ештон.

Според „Форбс“, до крајот на 2019 година, во 20-та година од создавањето на самиот концепт, 85 отсто од компаниите ќе функционираат врз основа на ИоТ.

Би можело да ве интересира

Севернокорејските војници распоредени во Русија станаа зависни од интернет

Горан Наумовски

Македонија има најбрз интернет во регионот

ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“

А1он

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески

Ковачевски: Во Северна Македонија 83 отсто од домаќинставата имаат пристап до широкопојасен интернет

Горан Наумовски