Вработувањето на Ромите и понатаму останува еден од најаважните проблеми на кој треба да работи, ако сакаме да имаме успешно интегрирање на ова етничка заедница во државата, порачаа претствници на граѓанскиот сектор, на одбележувањето на 8-ми април Светскиот ден на Ромите.
Суад Скендери од организацијата „Ромалитико“, порача, политиките кои се креираат за ромите да не бидат само на хартија, туку да бидат одржливи, затоа што така ќе се постигнат резултати.
„Оваа година праќаме порака за едно општество за сите, но со еднаква вклученост на ромската заедница. Порачуваме, по еднаква вклученост во креирањето и спроведувањето на политиките поврзани со состојбата на ромскиот јазик, политиките за вработување во јавниот сектор и институциите. Воедно порачуваме сите политики и активности што ќе се спроведуваат да бидат јавни, транспарентни, но и одржливи“, рече Скендери.
Салихан Саитов од невладината „Ромаверзитас“, рече дека во државната служба засега Ромите се застапени со 1,3%, од вкупниот број вработени во јавната администрација. До 2020, очекуваат вработеноста да се зголеми на 2%.
„Ние водиме граѓанска иницијатива во која се вклучени повеќе организации, кампањата се води е национална и се води на две новоа. Едното ниво е со поддршка на 10.000 граѓани, како гаранција дека нивните интереси ќе бидат претставени пред сите засегнати страни. Второто, е спроведување на активностите при што ние ќе ги контактираме сите засегнати страни, односно ќе преговараме со сите вклучени, за реалзирање на заедничката цел“, изјави Саитов.
Покрај вработувањето, приоритетни области на кои треба да се подобри состојбата се и домувањето, здравствената и социјална заштита, како и образованието, велат од невладините ромски организации.
Габриела Димковиќ-Мишевска